понеделник, 20 мај 2024

Стотици илјади луѓе протестираат во Јемен: „Го чекаме денот кога ќе водиме војна со Америка“ (ВИДЕО)

Стотици илјади луѓе, од кои некои носеа „калашникови“, се собраа на големи демонстрации во Сана, главниот град на Јемен, кој е под контрола на бунтовниците, по синоќешните американско-британски напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден милион луѓе учествуваа во демонстрациите во Сана, се наведува во соопштението на организаторите.

Дописниците на АФП јавија дека други протести се одржани во градовите Ходеида и Иб, кои исто така се под контрола на бунтовниците.

„Смрт за Америка, смрт за Израел“ се слушаа од морето луѓе, кои носеа јеменски и палестински знамиња на огромниот плоштад во историскиот центар на градот.

Бунтовничката група Хути, поддржана од Иран, ја зазеде Сана во 2014 година и оттогаш е во војна со коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Позициите на оваа група синоќа беа мета на САД и Велика Британија поради бунтовничките напади врз бродови во Црвено Море.

„Ако Америка и нејзините сојузници решат да објават отворена војна против нас, ние сме подготвени за тоа и нема да имаме друг избор освен да победиме или да паднеме како маченици“, рече Абдел Азим Али, еден од демонстрантите.

Друг демонстрант, Мохамед Хусеин, додаде: „Го чекаме денот кога ќе водиме војна со Америка“.

Фото: ЕПА

Според Хутите, пет лица загинале, а шестмина се ранети во нападите на САД и Велика Британија.

Јеменските бунтовници велат дека гаѓаат само бродови поврзани со Израел, како одмазда за војната на земјата против Хамас во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ