сабота, 27 јули 2024

Хеликоптерот со иранскиот претседател Раиси се урна, соопштија официјални лица (ВИДЕО)

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи денеска се урна минувајќи преку планински терен во услови на густа магла при враќање од посета на границата со Азербејџан, изјави ирански претставник за Ројтерс.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Официјалниот претставник рече дека животите на Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се „загрозени по хеликоптерската несреќа“.

„Сè уште се надеваме, но информациите кои доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки“, рече официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Лошото време ги отежнува спасувачките напори, објави државната новинска агенција ИРНА.

Државната телевизија ја прекина целата своја редовна програма за прикажување на молитвите што се одржуваат за Раиси низ целата земја, а во еден агол од екранот, во живо известуваат за спасувачките тимови кои пеш ја пребаруваат планинската област во густа магла.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ