петок, 26 јули 2024

Освен за Палевски, завршена е истрагата за другите осомничени за убиството на Вања и Панче

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапка и е на пат да покрене обвинение против сите осомничени во случајот за убиствата на 14-годишна Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за решение во однос на истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо ќе се чека по давањето исказ пред обвинител, дознава порталот Скопје1.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски остануваат со статус на осомничени лица за сторени кривични дела убиство, помагање, грабнување. Статус на осомничено лице добива и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за кого обвинителката тврди дека дал информација за траекторијата и времето на движење на неговата ќерка, пишува порталот и наведува дека обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила сите траектории на движења на Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски како лица кои се гонат за сторување на грозоморните убиства.

Обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила и дејствијата на сите осомничени за убиството на Вања, како и на Панче Жежовски.

Претходно, истрагата утврдила дека Палевски им давал насоки на Кешишев, Манев и Видески, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски од Велес да одат пред зградата на Вања и да ја грабнат. Тие ја ставиле во багажникот на украдениот автомобил. До овој момент, според истрагата, го нема Палевски, кој по кратко време се среќава со осомничените. Одат во Бразда и таму се случува убиството.

Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.

Teлата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пронајдени на 3 декември мината година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ