сабота, 27 јули 2024

Трамп најави дека ќе ги олесни Бајденовите прописи за поседување оружје

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп во говорот во Националната асоцијација за стрелаштво (НРА) вети дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на НРА во Далас за да ја расветли својата политика, но и да ги охрабри членовите на НРА да излезат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс.

„Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовна група. Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот кој траеше повеќе од 90 минути.

Националната асоцијација за стрелаштво (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на целата негова администрација, аплаудирајќи го неговото назначување на тројца конзервативни судии во Врховниот суд и преземајќи голем број чекори што ги бараше влијателното лоби за оружје.

Меѓу другото, Трамп помогна продавниците за оружје да се третираат како основен бизнис за време на пандемијата на коронавирус, дозволувајќи им да останат отворени.

Републиканците, поддржани од НРА и други групи кои се залагаат за правото на поседување оружје, во голема мера се противат на построги закони за оружје, наведувајќи го правото на носење оружје предвидено во Вториот амандман на Уставот на САД.

Тој нивен став остана непроменет дури и по масовните престрелки, што доведе до тоа многу демократи да се залагаат за посилна контрола на оружјето, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ