сабота, 27 јули 2024

Рама за Курти: Се вмеша и во Македонија, тој е опозиционер, самиот ќе се собори од власта

Се вмеша во изборите во Албанија, сега и во изборите во Македонија. Аљбин Курти е професионален опозиционер. Го чекам денот кога Аљбин ќе излезе да протестира против сопствената влада. Единствениот што може да го собори Аљбин Курти е само Аљбин Курти. Ова го изјави премиерот на Албанија, Eди Рама во разговор за косовски медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно јадевме шпагети во Тирана дента кога Курти ги претставуваше кандидатите за избори во Албанија на неговото Движење Самоопределување кога и ја објави кампањата против мојата влада. И повторно ќе дојде и пак ќе јаде“, рече Рама иронично.

„Што да речам… Аљбин е професионален опозиционер. Го чекам денот кога Аљбин ќе излезе да протестира против сопствената влада. Единствениот што може да го собори Аљбин Курти е само Аљбин Курти. Кога сега е премиер и не може да си ја реализира својата револуционерна страст, тој оди во Македонија, па доаѓа во Албанија и формира ограноци. Ајде да не речам дека нема да формирам филијала во Косово, ама не можам да замислам да отидам таму па да велам, што прави Владата за народот на Косово, а што не прави“, рече Рама.

Според албанскиот премиер, не е нормална работа да отидеш во Албанија и да формираш органоци на Самоопределување.

Рама додаде дека Албанци му велат како тоа така се однесува кон „помалиот брат“.

„Да, така прави помалиот брат и вие нема што да правите“, рече Рама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ