петок, 26 јули 2024

Македонските одбојкари убедливо поразени од Чешка

Македонија го загуби и вториот дуел од Европската златна лига, во Струмица бевме поразени со убедливи 3-0 од Чешка (25-16, 25-15, 25-16).

Објавено на

часот

Сподели

Чешка важеше за голем фаворит против Македонија, а разликата во класи се виде и на теренот. Чесите буквално нѐ прегазија.

Чешка доминираше во текот на целиот натпревар, ние во ниту еден сет не успеавме да дојдеме до 20 поени. Во првиот и последниот освоивме по 16, а во вториот 15.

Никола Ѓорѓиев беше најефикасен во македонската репрезентација со 14 поени, Стојан Илиев додаде шест, а Савовски четири.

Идниот викенд е вториот турнир за нашиот национален тим во Европската златна лига, во Беверен, на 24 мај играме со Азербејџан, а ден подоцна со Белгија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ