петок, 26 јули 2024

Србите добиваат масовни покани за војска, ако не одговорат, им се закануваат остри казни

Во последните неколку недели, на адресите на граѓаните и воените регрути низ Србија повторно масовно пристигнуваат покани за воени вежби.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Присуството на овие вежби често значи отсуство од работа или факултет, па многумина воопшто не се одзиваат, иако тоа е законска обврска, што резултира со парични казни или затворски казни.

Поканите пристигнуваат на вратите на воените обврзници во сите делови на Србија, а граѓаните кои ги добиваат најчесто се непријатно изненадени, пишува Нова.рс.

„Во поштенското сандаче најдов ливче за недоставена пошта, ја погледнав адресата и се јавив на телефонскиот број. Бев изненаден кога ме контактираа од военото одделение, односно поранешната месна заедница во Звездара“, вели Бојан Д. (31), кој веќе неколку години живее и работи во Белград.

„Ми рекоа дека тоа е повик за воена вежба. Ме прашаа колку години имам и ми објаснија дека се работи за упис во резервниот состав и дека морам да се пријавам“, додаде тој.

Сепак, вели дека нема намера да се пријави.

Присуството на вежби е законска обврска, а доколку некој не се појави на повикот или не го оправда отсуството, ќе треба да плати од 10.000 до 50.000 динари или да одлежи затворска казна до 60 дена. Според Законот за воена, работна и материјална обврска, лицата од резервниот состав можат да бидат повикани на вежби најмногу 90 дена во една година.

Вежбањето се прекинува или одложува во случај на болест, ако член од домаќинството истовремено служи воен рок, полагање испит, учество на меѓународни спортски натпревари, меѓународни научни, истражувачки и уметнички манифестации, поради смрт или тешка болест, болест во семејството или несреќа што довела до тешка финансиска состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ