петок, 26 јули 2024

Сиљановска Давкова да се корегира, од пријателство со Грција може да се има корист, порача Мицотакис

„Од наша страна ја повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни избори, за кои, секако, категорично изјавуваме дека нема да ги прифатиме. Се подразбира дека европскиот тек на Скопје зависи од искреното почитување на договореното. Затоа, раководството на Северна Македонија мора да сфати дека од пријателството со Грција, може да има само корист“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

Мицотакис пораката до претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја упати преку интервју за весникот Македонија и додаде дека ратификацијата на трите меморандуми од Преспанскиот договор зависи и од тоа колку другата страна ќе се покаже доследна до меѓународните обврски.

„Новата претседателка на Северна Македонија направи незаконски и провокативен избор да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече својата земја со поинакво име од она што е дефинирано со самиот Уставот на соседната држава, со што не го прекрши само Договорот од Преспа, туку и Повелбата на нејзината татковина“, рече Мицотакис.

Во однос на одлуката на СИРИЗА меморандумите да ги донесе во Парламентот, рече дека е „неприфатливо грчки= сили да предлагаат нешто што воопшто не го ни предлага другата страна“.

„Гласањето на меморандумите зависи и од другата страна, Очекуваме да се придржува до договореното. А ние како држава која има континуитет и доследност, соодветно ќе го сториме предвиденото“, рече Мицотакис.

Тој потсети дека Нова демократија како опозиција не го поддржа Договорот, но и дека уште тогаш потенцираа дека од моментот кога ќе се изгласа е обврзувачки за земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ