сабота, 15 ноември 2025
Се чудат како искусниот напаѓач реагирал на ваков начин пред важни натпревари во сезоната

Тенсија во Барселона, Левандовски со еден потег го навлече гневот на „каталонците“

Роберт Левандовски поради повреда на задната ложа ќе паузира помеѓу четири и шест недели, а во таборот на Барселона се чудат како искусниот напаѓач продолжил да игра и покрај тоа што имал болки.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ мака мачат со повредите од стартот на сезоната, а квалификациите за мундијалот овој месец донесоа нови главоболки за Ханси Флик.

На настап со репрезентациите се повредија Дани Олмо, Феран Торес и Роберт Левандовски.

Најсериозна е повредата на Полјакот, кој ќе паузира помеѓу четири и шест недели, а како што пренесуваат медиумите, токму оваа повреда донела и најмногу тензија.

Во Барселона се бесни на Роберт Левандовски и се чудат како можел тоа да го направи.

Имено, напаѓачот почувствувал болка уште рано во натпреварот, но наместо да го напушти теренот, тој ги одигра сите 90 минути и го постигна голот со кој беше потврдена победата над Литванија.

На „каталонците“ не им е јасно како 37 годишниот Роберт Левандовски, со толку големо искуство, и слична повреда во август месец, наместо да застане, решил да го бандажира проблематичниот мускул на полувремето и да продолжи да игра наместо да побара замена.

И сето тоа кога следуваат серија важни натпревари на Барселона, како „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ