Светот на фудбалот синоќа беше потресен од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре, кои починаа по страшна сообраќајна несреќа во областа Замора во Шпанија.
Фудбалерите кои имаа прилика да делат соблекувална или да се сретнат на терените со Португалецот испратија емотивни пораки на социјалните мрежи, додека илјадници навивачи оставија цвеќиња и други предмети пред стадионот, додека клубот отвори книги на сочувство кои ќе можат да се потпишат во наредните неколку дена.
Помеѓу оние кои денеска се појавија пред Енфилд беше и поранешниот капитен Џон Хендерсон, кој од Амстердам се врати во Ливерпул за да му оддаде почит на Диого Жота.
Англичанецот остави цвеќе и шал, и не можеше да ги задржи солзите.
Former Liverpool midfielder Jordan Henderson pays his respects to Diogo Jota at Anfield. pic.twitter.com/HX2gcPmo4r
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 4, 2025
ФОТО: X/Liverpool FC