петок, 14 ноември 2025

Дали го видовте голот на Мики ван де Меси? Дефанзивецот на Тотнем со страшен соло пробив (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Тотнем, Мики ван де Вен синоќа постигна страшен соло гол во стилот на Лео Меси, тргна од сопствениот шеснаесетник, претрча тројца противнички играчи, се протна покрај двајца и маестрално погоди.

Објавено на

часот

Сподели

Голот на вечерта во Лигата на шампиони го има Мики ван де Вен од Тотнем, или како што многумина го нарекоа Мики ван де Меси.

При водство на Тотнем од 2-0, и иако „спарси“ беа со играч помалку и под притисок од Копенхаген, дефанзивецот наместо да исфрла во аут, реши да тргне во соло пробив од својот шеснаесетник.

Тој претрча тројца противнички играчи, се протна покрај двајца на средината од теренот, и потоа маестрално погоди од 16 метри за 3-0 и огромна радост на домашната публика.

„Се чини дека духот на Лео Меси влезе во Мики ван де Вен, тргна од својот шеснаесетник, го претрча речиси цел терен и погоди“ – рече тренерот на Тотнем, Томас Франк.

Самиот Ван де Вен за страшниот гол рече: „Решив да тргнам да дриблам и да видам до каде ќе стигнам, но очигледно никој не успеа да ме сопре. Се чувствував неверојатно во спринтот, можев уште долго да терам така“.

Поранешниот фудбалер Овен Харгривс, кој го работеше мечот како стручен коментатор за ТНТ Спортс, рече: „Ова е еден од најдобрите погодоци кои сум ги видел. Ги претрча противниците со леснотија и потоа финишираше така прецизно, ова е неверојатно. Ова е голот на сезоната, гејм-овер“.

ФОТО: X/Tottenham Hotspur

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ