сабота, 18 мај 2024
Честитка од косовскиот премиер

Што поблиску до Запад, што подалеку од Москва, му порача Курти на Џафери

„На поранешниот претседател на Собранието на Северна Македонија, г-дин Талат Џафери, му посакувам успех на новата функција – премиер во техничката влада која три месеци подоцна ќе ја однесе нашата соседна и партнерска земја на избори“, вели косовскиот премиер Аљбин Курти во честитката до Џафери.

Објавено на

часот

Сподели

„Посакувам пријателството и соработката на заеднички проекти да бидат обележја на нашите две влади за време на владеењето на Џафери“, додаде Курти.
Тој нагласува дека Македонија ја гледа како земја со силна евроатланска ориентација, партнер на Приштина и на Западот и како земја што поодалечена од Москва.
„Северна Македонија која промовира вредности на соживот и се бори против етничката дискриминација, тоа е она што го посакуваме. Заради тие стремежи и друга сорабока, сигурен сум дека ќе го продолжиме патот на меѓувладината соработка со нашиот колега, г-дин Џафери, исто како што тоа беше случај со неговиот претходник, г-дин Ковачевски, на кого му честитам за вредностите што беа одраз на неговото време“, напиша Аљбин Курти во честитката до Талат Џафери.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ