сабота, 27 јули 2024

Судската фела загрижена зашто политичари вршеле притисок врз судиите

Здружението на судии во врска со денешната реакција на Управниот суд, испрати реакција до јавноста во која ја искажува својата загриженост за изјавите на, како што велат оттаму, поединци со кои директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување. Во соопштението се оценува дека обвинувањата кон претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдиу се неосновани и даваат целосна поддршка на колегите од овој суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување. Таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите“, посочуваат од Здружението на судии.

Во соопштението се оценува дека обвинувањата кон претседателот на Управниот суд се неосновани и даваат целосна поддршка на колегите од овој суд.

„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и европскиот просперитет на земјата“, наведуваат од Здружението на судии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ