сабота, 27 јули 2024

Шпанија му забранила на брод со оружје за Израел да влезе во пристаниште

Шпанија не му дозволила на брод со оружје за Израел да влезе во југоисточното пристаниште Картагена, кажа министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Албарес го потврди извештајот дека бродот Мариан Даника превезувал оружје за Израел и дека побарал дозвола да влезе во пристаништето Картагена на 21 мај.

Кажа дека забраната за влегување во шпанските пристаништа е во согласност со шпанската политика на забрана на извоз на своето оружје во Израел од избивањето на војната во Газа во октомври.

„Одбивме да дозволиме да влезе и тоа ќе биде доследна политика со секој брод кој превезува израелско оружје, а сака да влезе во шпанските пристаништа“, кажа Албарес.

Бродот превезувал речиси 27 тони експлозивен материјал од Индија, јавува Ел паис.

Извештајот доаѓа среде спорот меѓу владејачките социјалисти и нивните тврдо левичарски партнери околу дозволувањето транзит на бродови со оружје за Израел во шпанските пристаништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ