сабота, 27 јули 2024

Жестоки борби на северот на Газа: „Израел уништува цели населби, светот нека се срами“

Израелските сили се борат против борците на Хамас во тесните улички на бегалскиот камп Џабалија на северот на Газа во некои од најжестоките борби откако пред една недела се вратија во тоа подрачје, додека на југот милитантите ги напаѓаат тенковите кои се групираат околу градот Рафа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мештани кажале дека израелски оклопни возила дошле до пазарот во центарот на Џабалија, најголемиот од осум кампа за бегалци во Газа, и дека со булдожери ги уништуваат куќите и продавниците кои ќе им се најдат на патот.

„Фокусот на Израел сега е Џабалија, тенковите и авиони уништуваат станбени квартови и пазари, продавници, ресторани, сè. Сето тоа се случува пред кратковидиот свет“, кажа Ајман Рајаб, кој живее во западниот дел на Џабалија.

„Светот нека се срами. Во меѓувреме Американците ќе ни достават малку храна“, кажа Рајаб, татко на четири деца, за Ројтерс.

„Не сакаме храна, сакаме оваа војна да заврши, и да можеме со нашите животи самостојно да управуваме“, додаде тој.

Израел тврдеше дека неговите сили ја исчистиле Џабалија пред неколку месеци во рамки на војната против Хамас, но минатата недела Тел Авив јави дека се враќа во Џабалија за да спречи враќање на исламистичките групи.

Борбите се одвиваат паралелно со нападот на Рафа на јужниот раб на енклавата, во близина на границата со Египет, поради што истовремено стотици илјади луѓе почнаа да бегаат од двата краја на територијата.

Досега во офанзивата на израелските сили се убиени 35.303 Палестинци, вклучувајќи голем број деца, а хуманитарните агенции постојано предупредуваат на хуманитарната катастрофа со гладот и заканата од болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ