сабота, 27 јули 2024

Отворена постојана поставка за првата македонска медицинска сестра Влахчева

Отворена е изложба, но и постојана поставка во штипскиот Музеј, посветена на првата медицинска сестра Славјанка Влахчева. Во чест на меѓународниот ден на музеите, денеска се отвори изложбата која секојдневно ќе биде отворена за посетителите кои сакаат да се запознаат со ликот и делото на првата дипломирана македонска медицинска сестра. Изложбата е насловена како „Македонското девојче во бело“, а тенденција е средното медицинско училиште во Штип да го носи нејзиното име.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа изложба ја подготвивме и концепиравме и ја отвораме во чест на Меѓународниот ден на музеите – 18 мај. Нејзиното значење навистина е преголемо и ние како национална институција сакавме сите овие документи кои ги имаме за Славјанка да ги прикажеме на пошироката јавност“,рече Митко Штерјов директор на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип.

Истражувањата за Славјанка Влахчева започнуваат многу оддамна, ама поконкретни податоци се собираат од 2017 година кога се стапува во контакт со семејството на Влахчева.

„Во штипскиот музеј се изложени оргинални фотографии, документи, предмети кои припаѓале на Влахчева, кои зборуваат за нејзината богата биографија, нејзиниот живот и дело. На наше огромно задоволство семејството одлучи целото наследство на Влахчева, кое се состоеше од огромен број на фотографии, документи и одликувања да ни ги дадат нам. Ние си презедовме обврска материјалот да биде изложен вака јавно и пошироката јавност да може да се запознае со величината и големината на Славјанка Влахчева“, рече Елена Коруновска, вработена во Музеј- Штип.

Во 1945 година е отворено првото медицинско училиште во Скопје, а Славјанка Влахчева била назначена за прв директор. Таа е една од петте Македонки, кои се стекнале со медало за хуманост.

Славјанка Влахчева е родена во декември 1900 година. Потекнува од занаетчиско штипско семејство. За медицинска сестра учела во Белград, во 1924 година го завршува школувањето и е првата дипломирана македонска медицинска сестра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ