сабота, 27 јули 2024

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 (25-23, 14-25, 25-19, 25-22) во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европската златна лига кој се играше во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Хари Наковски дебитираше со пораз на селекторската позиција на Македонија, но неговите одбојкари не разочараа иако е впечаток дека имаа простор да прикажат и повеќе.

Естонија подобро го отвори натпреварот и го доби првиот сет со 25-23. Македонија одигра доминантен втор сет, рано ги откажавме Естонците и на крајот убедливо го освоивме со 25-14 со што израмнивме на 1-1.

Добро го почнавме и третиот сет, но Естонија во средината успеа да направи предност, да се одалечи и да го добие со 25-19. Во четвртиот имаше голема борба, финишот сепак им припадна на Естонците кои го добија сетот со 25-22 и го заклучија мечот со 3-1 во сетови.

Следниот меч на Македонија е во недела повторно во Струмица, овојпат противник ни е Чешка. Утре на програмата е дуел меѓу Естонија и Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ