сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Зошто никој не реагира на тоа што во хрватската влада се фалат дека се усташи?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за РТС ја коментираше новата хрватска влада на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Татковинското движење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За формирањето на новата влада во Хрватска, во која нема да има претставници на Србите, Вучиќ кажа дека не знае дали „соработката со Србите ќе продолжи“. Се пожали за тоа што никој во Европа не реагира на тоа.

„Па во Татковинското движење се фалат дека се усташи. Не сум сигурен дека нема со Србите да ја продолжат соработката, но интересно е што од Европа нема реакција. Ако ви е главниот принцип во составувањето на владата да нема Срби, што да кажам“, кажа српскиот претседател. Истакна дека во владата на Србија има Хрвати, „иако Хрвати во Србија, која е речиси двојно поголема од Хрватска според бројот на населението, има трипати помалку“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ