сабота, 16 ноември 2024

По дебаклот на локалните избори, Алијанса за Албанците избра ново тетовско раководство

Алијанса за Албанците избра ново раководство на тетовскиот огранок на партијата, а лидерот Арбен Таравари изјави дека станува збор за голема промена со која ќе се консолидираат партиските редови во Тетово. Инаку станува збор за голема кадровска промена направена веројатно заради големиот пад на популарноста на Алијанса во Тетово, а најочигледен доказ беа минатогодишните вонредни локални избори во овој град, каде победата ја однесе Движење Беса, а Алијанса за Албанците остана без ниту еден советник во Советот на Општината. Поради овој пораз Зијадин Села поднесе оставка на лидерската позиција, по што Таравари го презеде партиското кормило.

Објавено на

часот

Сподели

Таравари оцени дека партијата во тетовскиот огранок по изборотот на Флакрон Беџети за претседател, заедно со неговиот тим, се консолидира и реорганизира и дека сега Алијанса за Албанците во Тетово има силен кадровски потенцијал.

За структурата на овој Огранок, важноста на ОПК, во политичката тема како и искуството на луѓето што го има оваа гранка во интерес на сите процеси, зборуваше и пратеникот Аднан Незири, кој го претставува тетовскиот огранок.

с

Претседателот на огранокот Флакрон Беџети рече дека стотици млади од Тетово во изминатиот месец ѝ се приклучиле на партијата, оцени дека во огранокот владее заедништво и додаде дека комплетирањето на партиските сили ќе биде завршено по одржување на Собранието на организацијата на жените од Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ