среда, 4 декември 2024

Демонстрантите во Абхазија влегоа во парламентот, бараат оставка од претседателот (ВИДЕО)

Демонстрантите во отцепениот грузиски регион Абхазија денес одбија да ја напуштат зградата на парламентот во која упаднаа синоќа, а напуштање на зградата им предложи претседателот на грузиската автономна покраина како услов за негова оставка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зградата на парламентот демонстрантите ја нападнаа на 14 ноември протестирајќи против спорниот договор со Москва со кој на руските инвеститори им се дава повластен третман.

Како што јавија локалните медиуми, обидот за ратификација на договорот пропадна поради протестите.

Руската новинска агенција РИА Новости извести дека претседателот Аслан Бжанија денес кажа дека ќе поднесе оставка и ќе распише предвремени избори откако демонстрантите ќе го напуштат парламентот во главниот град Сухуми.

„Кога ќе ја напуштат зградата на парламентот, ќе ја потпишам оставката, а на нови избори ќе видиме кој колкава поддршка ќе добие“, кажа Бжанија, додавајќи дека ќе се кандидира на тие избори.

Демонстрантите во соопштение истакнаа дека окупацијата не е насочена против блиските врски на Абхазија и Русија, но го обвинуваат Бжанија дека „се обидува да ги искористи тие односи за себични интереси и да ги манипулира за да го зајакне својот режим“.

Москва вчера соопшти дека со загриженост ја следи „кризната ситуација“ и ги повика руските граѓани да не патуваат во Абхазија.

Русија отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија ги призна како независни држави уште во 20087, по победата над Грузија во петдневната војна.

Руската војска има бази во двата региони и ја поддржува нивната економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ