среда, 11 декември 2024

Трајановски: Набавени се адитиви, ќе се асфалтира и на ниски температури

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) почнува градежна офанзива со големи инвестиции во патната инфраструктура. Проектите вклучуваат изградба на обиколници, тунел за побрза врска со Албанија и рехабилитација на регионални патишта. За работа во зимски услови ќе се користи напредна технологија за зимско асфалтирање, изјави денеска Коце Трајановски, директорот на ЈП државни патишта.

Објавено на

часот

Сподели

„Целта е автопатот Кичево-Охрид  да биде пуштен во употреба пред летната сезона, ако не во двата правци, тогаш барем едниот да биде во функција дотогаш. Зимските услови наредните месеци нема да бидат пречка да продолжи асфалтирањето на патот Кичево – Охрид и на делницата Страцин кон Длабочица, бидејќи компаниите кои работат на нив набавиле специјални адиви за асфалтирање на ниски температури. Градежната сезона на овие делници нема да биде во застој од ноември до март“, вели Трајановски.

Според првиот човек на ЈПДП овие адитиви се употребуваат во западноевропските земји, пред се во Германија, Норвешка, Шведска.

Активно се работи, како што кажа Трајановски, и на автопатиштата на кои е ангажиран американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Се работи на новата делница од Кичево кон Гостивар, односно до Букојчани, а направен е и проектот до селото Црвец. Истовремено, рече директорот на ЈПДП, се проектира и патот од Црвец до Букојчани, што треба да заврши во февруари следната година.

„Ќе почнеме со проектирање и на патото од Требеништа до албанска граница. Таму се предвидува да се направи наместо да одиме на Ќафасан горе, да се направи тунел од наша и од албанска страна. Веќе има прелимирани договори со албанската Влада, по половина да се финансира тој тунел, така што ќе биде многу полесно, побезбедно, побрзо движењето меѓу Македонија и Албанија“, изјави Коцевски.
Трајавноски рече дека се прави студија и за скапата делница Скопје – Блаце, на која поради теренот има повеќе тунели и вијадукти, а тендерската документација би требало да се објави во април или мај следната година.  
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ