среда, 11 декември 2024

Сакал да изнајми стан во Италија, останал без станот и без парите

Вчера во СВР Велес, 22-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на 5 ноември на веб страница нашол стан за издавање во Италија, по што стапил во контакт со лице да договорат слободен термин, а откако му бил пратен линк преку банка ги уплатил парите.

На 15 ноември, на денот планиран за заминување во Италија, се обидел да стапи во контакт со лицето кое го издавало станот, но одговор немал и бил блокиран. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ