среда, 4 декември 2024

Си Џинпинг повика на повеќе слободна трговија: „Треба да го урнеме високиот ѕид“

Додека сенката на враќањето на Доналд Трамп на функцијата американски претседател се надвива над самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Лима, кинескиот лидер Си Џинпинг кажа дека регионот треба да се залага за повеќе слободна трговија во екот на „растечкиот протекционизам“ со кој се соочува соработката во тој регион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Треба да го урнеме високиот ѕид кој го раздвојува текот на трговијата, вложувањата, технологиите и услугите, да се одржува стабилен индустриски набавен ланец“, кажа кинескиот претседател, според транскриптот на неговиот говор кој го објави државната телевизија ЦЦТВ.

Говорот е дел од дипломатската турнеја на Си низ Јужна Америка која почне претходно неделава и ќе трае една недела. Тој стигна во Перу за да учествува на самитот на АПЕК, во рамки на кој е инаугурирано мега-пристаниште на пацифичкиот брег. Си денес треба да се сретне со американскиот претседател во заминување Џо Бајден, а средбата ќе биде прва на двајцата лидер по седум месеци.

Си следната недела ќе присуствува на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро, каде ќе остане во државна посета на Бразил, како дел од настојувањата на Пекинг за проширување на трговијата и влијанието во Јужна Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ