недела, 30 јуни 2024

Најголемото изненадување на ЕП, Грузија ја победи Португалија за осмина-финале! (ВИДЕО)

Грузија го приреди најголемото изненадување на Европското првенство, ја победи Португалија, Кварацхелија и Микаутадѕе донесоа славје од 2-0 и пласман во осминафинале.

Објавено на

часот

Сподели

Заврши групната фаза на континенталниот собир во Германија, последните натпревари донесоа и сензационален резултат.

Грузија забележа историска прва победа на Европско првенство, и тоа против Португалија предводена од Кристијано Роналдо.

Кварацхелија и Микаутадѕе донесоа славје од 2-0 и истороски пласман во осмина-финале.

Резултатот беше отворен во 2. минута, една грешка на средината од теренот отвори контра а Кварацхелија ја затресе мрежата за 1-0.

Триумфот беше потврден во 57. минута, Микаутадзе погоди од пенал за 2-0 и најголемото изненадување на Европското првенство.

На вториот натпревар од Групата Ф, Турција ја совлада Чешка со 2-1, продолжува понатаму како второпласирана.

Џалханоглу погоди за 1-0 на стартот од вториот дел, додека пак Сучек изедначи во 66. минута.

Во финишот од мечот, Тосун реализираше за 2-1 и ги реши сите дилеми.

Чешка играше со играч помалце повеќе од 70 минути откако Барак доби два жолти картони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ