сабота, 29 јуни 2024

Лаутаро со гол во финишот ја однесе Аргентина во четвртфинале (ВИДЕО)

Аргентина со 1-0 го совлада Чиле и на коло пред крајот го обезбеди првото место во групата и пласман во четвртфинале, со истиот резултат Канада го совлада Перу.

Објавено на

часот

Сподели

Аргентина извојува тешка победа над Чиле, можеше да се случи и Чилеанците да победа со оглед на тоа дека и тие пропуштија неколку одби прилики.

Сепак, во 88. минута Лаутаро Мартинез најдобро се снајде во една мешаница, постигна гол кој значеше победа за неговата репрезентација од 1-0.

Со овој триумф, на коло пред крајот Аргентина обезбедува место во четвртфиналето.

Со 1-0 Канада го победи Перу. Клучниот момент се случи во 59. минута кога Перуанците останаа со фудбалер помалку по црвениот картон на Араухо.

Тоа го искористи Канада и со гол на Дејвид во 74. минута дојде до победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ