сабота, 6 јули 2024

Каков гест на Романија: Jа исчисти соблекувалната по елиминацијата од Холандија! (ФОТО)

Фудбалските љубители имаат многу пофални зборови за репрезентацијата на Романија откако на социјалните мрежи се појавија слики од соблекувалната по вчерашната елиминација од Холандија, просторијата беше перфектно чиста.

Објавено на

часот

Сподели

Романија се прикажа во одлично светло на Европското првенство, стигна до првото место во групата и за прв пат по 24 години играше нок-аут меч на големо натпреварување.

Но синоќа не можеше да и се спротивстави на Холандија, загуби со 3-0 во Минхен и беше елиминирана.

Но и покрај големото разочарување, експедицијата на Романија решила да ја „светне“ соблекувалната на „Алианц Арена“ и да ја остави просторијата перфектно чиста.

Била оставена и порака за домаќинот Германија, со која се заблогадаруваат на организаторот за искуството кое го доживеале изминативе недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ