Лео Меси има настап на Копа Америка, а Ламин Јамал на Европско првенство, но двајцата станаа вирални на социјалните мрежи поради работи кои немаат врски со нивните игри.
Двајцата се хит поради фотографии од пред 16 години, кога весникот Спорт креирал солидарен проект и ѕвездите на Барселона позирале со новороденчиња.
Лео Меси во тоа време го држел шестмесечниот Ламин Јамал во своите раце и имал средба со неговите родители.
Дури и таткото на Ламин Јамал сподели фотографија од тој момент и напиша: „Почетокот на две легенди…“
L’histoire exceptionnelle déterrée par le père de Lamine Yamal hier sur son compte Instagram : quand Lamine avait 4 mois, il a posé avec Lionel Messi dans le cadre d’un photoshoot organisé par Sport pour un calendrier caritatif. pic.twitter.com/IK2NBWC2K8
— Anna Carreau (@annacarreau) July 5, 2024