сабота, 29 јуни 2024

Историски успех за Словенија, Кек вели: Не очекував да ја минеме групата

Словенија за првпат во својата историја ја помина групната фаза на едно големо натпреварување, словенечкиот селектор Матјаж Кек вели дека не очекувал ваков успех.

Објавено на

часот

Сподели

Во група со Англија, Данска и Србија, Словенците успеаа како третопласирани да се пласираат во осминафиналето, групната фаза ја завршија пред Србија. Ова е нивниот најдобар пласман на Европско првенство.

Вчера одиграа нерешено, 0-0 против селекцијата на Англија која важи за најголем фаворит на турнирот.

„Искрено, не очекував дека ќе поминеме. Со играта покажавме дека заслуживме да одиме понатаму. Игравме против еден од фаворитите на турнирот. Низ целиот ден се чувствував позитивно. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни, имавме проблеми“, рече Кек.

„Исклучително сум горд на овие фудбалери. Ја видовте енергијата која ја добија нашите играчи од навивачите од првиот натпревар па до денес. Се радуваме, но од утре се враќаме на тренинзи и се подготвуваме за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвна репрезентација. Мислам дека ова е само почеток на нов и убав период за словенечкиот фудбал“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ