сабота, 6 јули 2024

Хамес му продаде „сомбреро“ на Винисиус, Бразилецот го плесна во лице (ВИДЕО)

Винисиус Жуниор ќе биде суспендиран за четвртфиналето на Копа Америка, напаѓачот против Колумбија заработи жолт картон по еден дуел со Хамес Родригез.

Објавено на

часот

Сподели

Бразил утрово одигра 1-1 против Колумбија, резултат доволен само за второто место во групата и пресметка со Уругвај во четвртфиналето.

„Кариоките“ ќе влезат ослабени во нок-аут фазата, Винисиус Жуниор ќе биде суспендиран откако заработив нов жолт картон против Колумбија.

Во воведните минути од мечот, Хамес Родригез му продаде „сомбреро“ на Винисус, ја префрли топката преку напаѓачот, кој пак му врати со неспортски потег и го плесна со рака во лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ