четврток, 27 јуни 2024

Ѓорческа ги реши проблемите со визата, ќе настапи во квалификациите на Вимбдлон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ги реши проблемите со визата и од вчера се наоѓа во Лондон каде во текот на следната недела ќе настапи во квалификациите на Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Проблемот на Ѓорческа е надминат навреме за настап во квалификациите, но поради него таа не успеа да одигра турнир на трева.

Во неколкуте дена кои ѝ преостанаа, таа ќе одржи тренинзи на тревна подлога со тренерот Димитар Лабудовиќ со цел да се прилагоди на теренот.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап во квалификациите на Вимблдон по тој во 2017.

Женските квалификации почнуваат во вторник, а ден претходно ќе ја дознае противничката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ