вторник, 22 октомври 2024

Шпанскиот парламент гласаше против признавањето на независноста на Косово

Пратениците на Долниот дом на шпанскиот Парламент на денешната седница гласаа против признавањето на самопрогласената независност на Косово.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Против иницијативата гласаа 293 пратеници, за се изјаснија 25, воздржани беа 27 пратеници, пренесува РТС.

Иницијативата за признавање ја покрена пратеничката група на каталонската партија Јунтс, беше поддржана и од баскиските партии.

За време на расправата, која се одржа во вторникот, пратениците на Народната партија (ПП), партијата Вокс и Социјалистичката партија на Галиција се изјаснија против иницијативата. Против гласаа и членовите на владејачката Социјалистичка партија.

Шпанија е една од петте земји од Европската унија кои сè уште не ја признале независноста на Косово. Се смета дека главната причина за непризнавањето е поврзана со ставот на Шпанија кон аспирациите на нејзиниот североисточен регион, Каталонија, да стане независен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ