вторник, 22 октомври 2024

Егоров со А олимписка норма ќе учествува на Олимпијадата во Париз

Македонскиот олимписки комитет (МОК) објави дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и сè уште неквалификуван борач, со А олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија добива уште еден спортист на Олимписките игри и тоа со А норма. Борачот Владимир Егоров им се приклучува на Анастасија Мојсовска во дисциплина спортско стрелаштво, Мила Рељиќ која неодамна стана европска шампионка во таеквондо, како и атлетичарот Дарио Ивановски.

Олимписките игри во Париз се одржуваат од 26 јули до 11 август ова лето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ