вторник, 22 октомври 2024

Поплавен Драмски театар, кај касарната Илинден падна карпа (ВИДЕО)

По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје и околината, поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вечерва изврши увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот, објави на официјалната фејсбук страница на Министерствито за култура. А Центарот за управување со кризи вечерва информираше дека на влезот на касарната Илинден во Скопје паднала цела карпа.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите“, напиша Љутков на својот фејсбук профил.

Оваа Влада, како што наведува, нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.

 

А Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информираше дека на влезот на касарната Илинден во Скопје паднала цела карпа.

Привјавата за падната карпа, како што велат ја добиле на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Скопје посочуваат дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај.

Се очекува мерки да преземе Градот Скопје преку своите служби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ