сабота, 6 јули 2024

Финскиот претседател: Кина може да ја прекине војната во Украина со еден повик

Кина би можела да биде клучот за прекин на конфликтот во Украина, смета финскиот претседател Александер Стуб, а пренесува Бизнис инсајдер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кинеското влијание на Русија, кажа Стуб, произлегува од сè поголемата зависност на Русија од таа земја додека Москва се бори со економските санкции наметнати од Западот.

„Тврдам дека Русија во моментов е толку зависна од Кина што еден телефонски повик од претседателот Си Џинпинг би ја решил оваа криза“, кажа Стуб за кинескиот лидер. „Ако тој каже дека е време за почеток на преговори за мир, Русија би била присилена на тоа. не би имале друг избор“, тврди Стуб.

Финскиот претседател, чија земја влезе во НАТО пактот во април минатата година кажа дека посредување во мирно решение на војната во Украина е во интерес на Кина.

„Ако Кина е вистински заинтересирана за мирни односи меѓу националните држави, не може да ѝ дозволи на земја како Русија да води империјална, агресивна и колонијална војна против независна национална држава“, кажа Стуб.

„Тоа е вистинското нешто што треба да се направи. А тоа би го покажало и лидерството на Кина“, додаде тој.

Си Џинпинг неодамна го пречека рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. Ја истакна желбата на Кина за меѓународна мировна конференција која би ги вклучувала Русија и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ