Се наведува дека е потисната „незаконската активност на деструктивна група“ која правела планови за насилно преземање на власта и дестабилизирање на општествено-политичката ситуација во земјата преку организирање масовни немири кои би биле придружени со страдање на граѓаните“, пренесуваат руските медиуми.
Во рамки на кривичната истрага приведени се пет лица кои се во привремен притвор на Државниот комитет за национална безбедност.
„Утврдено е дека оваа група ја сочинувале поединци кои ја поддржуваат криминалната идеологија и верските фанатици“, се додава во соопштението.
Се наведува дека при претресот кај осомничените биле откриени и одземени компоненти за импровизирани експлозивни направи, огнено оружје, муниција, воки-токи, панцирни елеци, униформи на органите на редот, дронови, екстремистичка литература и други забранети предмети.