сабота, 16 ноември 2024
Претседателката на ЕК по средбата со премиерот во Скопје

Дер Лаен: Од вас зависи, ние ве чекаме во ЕУ со вашиот уникатен идентитет и македонски јазик

„Дојдов за да ви кажам дека сте на добар пат да се приклучте на ЕУ. Со нетпрение очекувам да ве пречекаме таму. Морам да кажам дека е навистина неверојатно да се види напредокот што Северна Македонија го постигна, но и решителноста да се движи напред во вистинската насока. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив“, рече  претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лаен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата. 

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, напредокот е импресивен.

„Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик.

Таа нагласи дека Македонија веќе постигна многу, изоде многу и рече дека нејзината желба е дека апсолутно треба да се продолжи така.

„Скрининг процесот се одбвива беспрекорно и ние се стремиме да ги отвориме преговорите за кластерот Фундаменти оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа. Свесна сум секако за промената на Уставот. Првите  чекори веќе се преземени во Собранието и тоа се добри вести, а сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред затоа што сега е вистинскиот момент, цела ЕУ и сите земји кои сакаат да се приклучат кон процесот на проширување. Затоа важно е да се искористи овој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација на успешно  мултиетничко општество. Вие веќе го  отелотворувате мотото на ЕУ – обединети во разнопликоста и тоа е зошто Скопје го доби престижниот наслов на Еропски град на културата за 2028“, рече Фон дер Лајен.

д

Таа изрази надеж дека партиите ќе ги поддржат уставните промени, бидејќи, како што рече, сите тие имаат одговорност за иднината на државата.

„Изборот е ваш и затоа навистина се надевам дека сите страни, сите партии, ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните промени, затоа што се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија“, рече Лаен.

Втората порака која ја пренесе претседателката на ЕК денеска на прес-конференцијата во Владата е дека треба да се збилжат економиите.

„Ние веќе го правиме тоа. Гледајќи наназад имаме план од 30 милијарди евра за инвецстии кој брзо се испорачува“, додаде дер Лаен и при тоа ги спомна инвестициите во чиста енергија како соларните централи во Битола и Осломеј, ветерниот парк во Богданци и поддршката од 80 милиони евра за справување со енергтетската криза лани, за која нагласи дека е битно дека заедно се справивме. 

„Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување. Постои прозорец на можности што сега е отворен. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум“, одговори дер Лаен на новинарско прашање.

 

д

Прашана дали во ЕК веќе се разгледува француско-германскиот предлог за реформа на ЕУ, и дали во 2030 година, со оглед на претстојните европските избори е достижна за ваква длабока реформа на Унијата и дали 2030 е достижна за ЕУ исто како што е достижна и за земјите од Западен Балкан да го завршат својот дел од обврските, таа одговори дека „сега работите навистина се менуваат на подобро и сега гледаме вистинска динамика и момент во процесот на проширување“.  

„Сакаме Западен Балкан да се приклучи кон ЕУ, а за тоа вие треба да се подготвите и ние треба да се подготвиме. Добро е што сега започна конкретна дискусија во ЕУ што треба ние да направиме за да бидеме подготвени, кои се прашањата што се отворени, кои се одговорите што треба да ги дадеме. Ова не беше случај во текот на минатиот мандат. Нешто значително се промени во овој мандат и работите стануваат конкретни. И затоа, мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од Западен Балкан затоа што ова навистина е прозорец на можности што сега е отворен. Овој процес не е толку строг. Тој се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум. Може да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е навистина важно. Има прозорец на можности што е отворен и ајде заедно да го искористиме овој момент“, нагласи Фон дер Лајен.  

Во однос на уставните измени што се неопходни за следната фаза во преговорите, таа рече дека Македонија е суверена држава која што ги прави сопствените избори.

„Изборот е ваш. И затоа, вистина се надевам дека сите страни, сите партии ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните промени затоа што се работи за вашата иднина, за вашиот избор и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија. Ние сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ и се надевам токму поради тоа дека движењето напред ќе биде добро и ќе биде поддржано од широко мнозинство“, истакна таа.

Премиерот Ковачевски рече дека станува збор за неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието.

ДС

„Јас се надевам дека оние коишто секогаш во историјата биле против европските интеграции и атлантските интеграции на државата конечно за првпат во своето политичко постоење во парламентот ќе покажат дека се за европска иднина на државата. Зошто го велам тоа сега? Затоа што, како што кажа и претседателката, сега има отворен прозорец за пристапување кон Европската унија. Ако до пред неколку години оваа тема воопшто не беше тема на широк консензус помеѓу земјите членки сега во овој геополитички момент сите земји се едногласни дека треба да има проширување, а проширувањето ако ја погледнете мапата на Европа практично значи обединување на Европа бидејќи земјите од Западен Балкан на сите свои граници се опкружени со земји на ЕУ“, рече Ковачевски на новинарско порашање. 

Тој нагласи дека ние како држава имаме веќе 50 проценти усогласеност на нашето законодавство со ЕУ и имаме институции коишто целосно, вели, се усогласени со ЕУ. 

„Лошите искуства од историјата не смеат да се повторуваат. Јас ќе продолжам заедно со коалиционите партнери, заедно со лидерите во коалицијата да работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година“, порача Ковачевски прашан што доколку не се донесат уставните измени.

Ковачевски рече дека Лаен е еден од најголемите пријатели на Македонија и дека секогаш доаѓа со конкретни чекори и планови за приближувањето кон ЕУ, а денеска разговарале за конкретниот план за раст кој ќе донесе конкретни придобивки за земјата и граѓаните пред полноправното членство 

бн

„Овој план ние го баравме и затоа сакам да ѝ се заблагодарам на претседателката за подготовката на планот. Овој план ќе даде нов силен поттик на евроинтеграциите на земјата. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, Западен Балкан двојно ќе го зголеми обемот на екјономијата на регионот, а нашите економии ќе пораснат за околу 10 проценти“, рече премиерот Ковачевски.

Дел од придобивките кои ги носи планот се: можност за отворање на влез на ЕУ пазарот за македонските производи, зголемување на обемот на опфатот на производи без царини, непречено движење на услуги во делот на електрионската тргоција и зголемување на квалитетот на образованието.

д

Претседателката на Европската комисија беше пречекана од делегација на чело со премиерот Ковачевски со свечена церемонија на платото пред Владата, по што следуваше билатерален состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција.

Од Скопје, претседателката на ЕК ја започнува четиридневната турнеја низ државите на Западен Балкан, а пред да продолжи за Приштина заедно со премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир, ќе го посети индустрискиот капацитет „Џанвики ДОО“ за преработка на зеленчук и овошје, најголемиот корисник на ИПАРД програмата во државата. 

Од независноста до денес поддршката на ЕУ за земјава изнесува над 3,3 милијарди евра.

                                                                                    Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ