Вообичаено секој последен четврток во месецот во Собранието се одржува седница за поставување пратенички прашања. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Пред седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи брифинг со акредитираните новинари.