сабота, 6 јули 2024

Демирал може да биде суспендиран поради скандалозна политичка прослава

Мерих Демирал со два гола и донесе победа на Турција од 2-1 над Австрија и ја однесе во четвртфиналето, но поради глупост можно е да не игра на тој меч.

Објавено на

часот

Сподели

Демирал имаше контроверзна прослава поради која може да заработи суспензија. Тој славеше со „волчји поздрав“, тоа е симбол на турските десничкарски есктремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот па се до Кина.

„Начинот на кој го прославив голот е поврзан со мојот турски идентитет и затоа го направив тој гест. Гледав луѓе на трибините кои славеа на ист начин, не постои скриена порака. Сите сме Турци, многу сум горд на тоа“, кажа Демирал.

Се очекува УЕФА да покрене истрага поради гестот на Демирал, а можно е и да му изрече суспензија поради која нема да настапи во четвртфиналето против Холандија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ