сабота, 29 јуни 2024

Далиќ: Примивме последна минута гол од Албанија, последна минута гол од Италија…

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е разочаран од начинот на кој неговата селекција беше елиминирана од Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Хрватите до 98. минута водеа против Италија, а потоа Закањи им даде гол и веројатно им ги спакува куферите. Останува уште теоретска шанса да изборат пласман во нокаут фазата, но многу е тешко да се поклопат работите.

„Последна минута гол од Албанија, последна минута гол против Италија… Сакам само да им честитам на моите фудбалери за борбата, решителноста и жртвата која ја покажаа, но ете, ова не беше наш турнир. Не ја изнесовме топката, па низ средината мина топка на левата страна и примивме гол. Веројатно така мораше да биде, а не сакам да го коментирам долгото надополнување. Промашивме два пенали, примивме два гола во судиското продолжение, што е тука е. Теорија за пласман понатаму? Не можеме да се надеваме на тоа, ја имавме ситуацијата во свои раце. Благодарност до луѓето кои не бодреа, жал ми е поради нив, тоа ми е најголемо разочарување“, изјави Далиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ