недела, 14 јули 2024
Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

Укинат факултетот за здравствени науки на Рамиз Мерко во Струга

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.  Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко неодамна доби дозовла за формирање факултет за здравствени науки во рамки на неговиот приватен Меѓународен универзитет Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Министерство за образование и наука, информира дека иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.

„Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија  2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод.  Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер“, се вели во соопштението од МОН.

Новата Влада и Министерството за образованието и наука, се посочува во соопштението, се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем.

„Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите“, се вели во соопштението од МОН.

Техничката влада на седница на 9 април годинава даде согласност за основање Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, која  во службен весник е објавена на 15 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ