недела, 7 јули 2024

Атентатот на Роберт Фицо беше преквалификуван како терористички чин

Обидот за убиство на премиерот на Словачка Роберт Фицо е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, објави Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот, пренесува Таср.

Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Гандлова во западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави претходно оваа недела дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ