недела, 21 јули 2024

Англиските легенди предлагаат: Да се укинат продолженијата, веднаш да се шутираат пенали

Стручните коментатори и англиски фудбалски легенди, Рио Фердинанд и Гери Линекер кои работат во Би-Би-Си, сметаат дека продолженијата двапати од по 15 минути треба да се укинат бидејќи фудбалерите ионака имаат премногу натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

Копа Америка ги укина продолженијата, на тој турнир доколку резултатот е нерешен во нокаут фазата, веднаш се изведуваат пенали. Тоа би можело да се направи и во Европа со цел фудбалерите да не играат дополнителни минути.

„Се повеќе размислувам дали продолженијата имаат смисла. Крај е на една неверојатно тешка сезона, фудбалерите играат многу натпревари и тоа е причина зошто голем дел од нив изгледаат изморено на овој турнир. Можеби треба да размислиме да се укинат продолженијата ионака кога ќе дојде до нив сите сакаат да гледаат пенали“, вели Линекер.

Со него е согласен и Рио Фердинанд.

„Ако продолжиме да измислуваме нови натпреварувања, нови натпревари, играчите ќе пукнат. Мислам дека мора да се најде начин за да се намали минутажата. Наместо да се играат продолженија, може веднаш да се изведуваат пенали“, рече Фердинанд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ