четврток, 25 јули 2024

Тошковски: Нема да има пардон во борбата против дрогата

Со сите расположливи ресурси ќе почнеме бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој вели дека алармантно е нивото на достапноста на дрогата на македонските улици.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да застанеме додека последната улица не биде исчистена од ова зло. На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсења во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации во државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци. Во оваа прилика сакам уште еднаш да потенцирам дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или кој било вид на криминал. Законот мора да важи еднакво за сите“, напиша Тошковски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ