недела, 14 јули 2024

Нов сојуз кој ќе ја потресе Европската Унија

Екстремно десничарската холандска Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новата политичка групација во Европскиот парламент, која неодамна ја основа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот премиер неодамна создаде сојуз на партии наречен Патриоти за Европа.

„Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Ние се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ги браниме мирот и слободата. Ние ја поддржуваме Украина. Го заштитуваме нашето јудео-христијанско наследство и нашите семејства“, напиша синоќа лидерот на ПВВ Герт Вилдерс на социјалната мрежа Икс.

„Сакаме да ги здружиме силите во Европскиот парламент и гордо да им се придружиме на Патриотите за Европа!, додаде тој. Партијата на Вилдерс е победник на парламентарните избори во Холандија, кои се одржаа во ноември минатата година.

Партијата на слободата е најголемата од четирите партии во новата владејачка коалиција што дојде на власт во вторникот. Дик Шуф, поранешниот шеф на холандската разузнавачка служба, стана премиер.

На изборите во јуни, ПВВ освои шест од вкупно 31 парламентарно место што ги има Холандија во ЕП, завршувајќи на второто место зад сојузите на Зелените и Лабуристите.

Покрај Фидес на Орбан, на Патриоти за Европа им се придружија и Австриската Слободарска партија (ФПО) и чешката АНО на милијардерот Андреј Бабиш. Желба за членство изразија и шпански Вокс и португалски Чега.

Со најавата на Вилдерс, новата група сега ја сочинуваат претставници од шест држави. За да се добие статус на политичка група потребни се најмалку седум држави. Алтернативата за Германија (АфД) не сака да се приклучи на алијансата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ