вторник, 22 октомври 2024

Кина: Околу 6.000 лица се евакуирани поради пукање на брана на езеро (ВИДЕО)

Во централната кинеска провинција Хунан евакуирани се околу 6.000 лица поради пукање на браната на езерото Донгтинг и поради опасност од поплави.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Браната пукна во петокот вечерта за време на итна санација и зајакнување на една од нејзините делници, оштетена по обилните врнежи во областа во последните денови, пренесува кинескиот информативен канал ЦГТН.

Водата зафати површина од околу 50 квадратни километри, а според извештајот на локалните власти засега нема жртви.

Камиони со песок се испратени на местото на несреќата со цел што поскоро да се затвори местото каде што пукна браната.

За сместување на евакуираните граѓани беа поставени околу 1.000 шатори опремени со кревети на преклопување и душеци.

Езерото Донгтинг е второто по големина слатководно езеро во Кина.

Од 16 јуни кинеската провинција Хунан е погодена од најобилните врнежи оваа година, во некои региони беа срушени рекорди во количината на врнежи.

Сличен инцидент со пробивањето на браната на ова езеро се случи и во 1996 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ