вторник, 23 јули 2024

Англија се протна и во полуфиналето, на пенали ја помина Швајцарија

Слично како и на дуелот против Словачка, Англија ја оствари целта со неубедлива игра и доза на среќа. Овојпат ја совладаа Швајцарија на пенали и се пласираа во полуфиналето, во регуларниот дел беше 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарија создаде повеќе шанси, но на крајот Англија се радуваше на пласман меѓу четирите најдобри на Европското првенство.

Во првото полувреме не се случуваше речиси ништо, главно се играше на средина на теренот, без посериозни можности за гол.

Вториот дел беше поконкретен, Швајцарија беше поактивна и таквата игра резултираше со водство. Во 75. минута Емболо се најде на вистинското место и погоди за водство од 1-0.

Водството на Швајцарците траеше кратко, само пет минути подоцна Сака постигна гол со шут од далечина за израмнување на 1-1. Тоа беше резултат во 90. минути, натпреварот отиде во продолженија.

Во првото продолжение немаше случувања, но пред самиот крај на мечот Швајцарија имаше неколку шанси за победа, а најголема беше онаа на Шаќири кој биеше директно од корнер, но ја погоди пречката.

Следуваа пенали. Англичаните беа перфектни, погодија Палмер, Белингем, Сака, Тони и Александер Арнолд. Првиот изведувач на Швајцарија, Аканџи не реализираше, Пикфорд го одбрани неговиот удар. Потоа погодија Шар, Шаќири и Амдуни, но промашувањето на Акањи се покажа како клучно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ