Како потврда Ганиу рече дека Радио слободна Европа објави дека Лотарија склучила договор за користење простор токму зоната Визбегово и дека ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години, за што, како што додаде, од буџетот веќе се издвоени 2,6 милиони евра.
„Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата Хеј дооел, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во Пацифик петролеум , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети.
Така, Лотарија на Северна Македонија ќе се позиционира покрај патот Скопје – Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово, најверојатно, ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ. Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега се станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање“, рече Ганиу.
Тој нагласи дека зоната со децении ја градеа чесните Албанци, луѓе од еснафот, а дека Груби ќе ја деградира преку ноќ во „зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели и во зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици“.
Ганиу нагласи дека со помош на граѓаните редно е на алчноста за пари да им се застане на патот на Груби и на ДУИ.
Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните!