среда, 3 јули 2024

AР и АНБ ќе се спојат во една агенција

Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ќе се спојат во една агенција, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е планот на Владата во однос на функционирањето на разузнавачките служби.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, точно е тоа. Тоа е и дел од програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно со гласање во парламентот“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји – членки на НАТО, а од соседството тоа го направиле Словенија и Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ