Во редакциската препорака на изданието се констатира дека во книгата авторот предупредува оти светот се урива пред нашите очи со брзината на тонењето на некогашниот „Титаник“. И реакциите се исти како на овој брод, едни не разбираат што се случило, други се испаничени, трети чекаат спас од политичките водачи или од Господ. Заедничко за сите нив е дека дејствуваат како бројлери, независно од различната етничка, религиозна, културна, економска и идеолошка припадност.
Стефан Влахов-Мицов (1956, Габрово) е автор на 25 книжевни и научни дела, високо вреднувани од критиката. Неговото капитално дело „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика голем интерес кај научните и политичките кругови и доживеа неколку изданија.
За својот богат опус Стефан Влахов-Мицов е добитник на престижни награди и признанија, меѓу кои и на државната награда за животно дело „23 Октомври“ во областа на науката.