вторник, 22 октомври 2024

Изгаснат е пожарот во зграда во Ѓорче Петров

Опожарен бил стан на втори кат во зграда на улицата „Виа Игнација“ во општина Ѓорче Петров. Интервенирале осуммина пожарникари со три противпожарни возила, потврди вечерва за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот e изгаснат, а допрва ќе се утврдува материјалната штета.
Изгаснат е и пожарот во близина на Кванташки пазар, каде гореа отпад и сува трева.
Томески рече дека вечерва имале интервенција и на територија на индустриска зона „Бунарџик“, каде горела сува трева.
Скопските пожарникари денеска интервенираа на пожар во домот „Ранка Милановиќ“ кај стар Кванташки пазар, каде, како што појасни командантот, гори ѓубриште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ